| |

Банско ќе биде домаќин на Светскиот куп во сноуборд и во сезоната 2025/26

Банско ќе биде домаќин на два натпревари од Светскиот куп во сноуборд и во претстојната олимписка сезона 2025/2026. Ова беше официјално потврдено од Меѓународната скијачка федерација (FIS), пренесува БГНЕС.

Планинското одморалиште ќе организира два паралелни гигантски слалома за мажи и жени на 17 и 18 јануари 2026 година. Натпреварите ќе имаат особено големо значење, бидејќи ќе бидат последните трки кои носат бодови за олимписки квоти пред Игрите во Милано-Кортина во февруари.

Банско веќе се има етаблирано како традиционален домаќин на натпревари од Светскиот куп во алпски сноуборд. Во јануари оваа година, курортот беше домаќин на два натпреварувачки дена, при што Радослав Јанков се искачи на подиумот со трето место, а младата надеж Тервел Замфиров постигна историски пласман меѓу првите четворица. Подоцна во март, токму Замфиров ја донесе и првата светска титула за Бугарија во сноуборд.



Слични Објави