Летај народе, летај Македонијо !
Facebook статус на Александар Панев
Македонија со реалната и брутална корупција, партизација, државната администрација со кадри со купени дипломи, служби заглавени со мозокот во 71 година, непотизам, политичари и партиска ботови координирани од штабови за ширење параноии, магла и црна пропаганда, со ваква ментална матрица, па не сме за пред кооперација во Свирипичино, каква Унија, не ни помислувајте драги ми народе.
Промените доаѓаат од самите нас,
а ние сме утепани до немај каде,
ЕУ ни треба само за кеш, а никако да се оправиме ко држава и народ за се друго.
Прво, немаме европска култура тоа е факт. Злобни сме, неписмени во голем дел, завидливи, клептомани со широк спектар.
Да бевме само сиромашни но барем да бевме културни и образовани па да се смилуваат, вака ?
Од нас, што полза би имале реално во ЕУ? Пропагандата што ве буши дека имаме 100000 години, идентитет, повикување на Библии со антики, ја дозакопуваат менталната матрица…
Видете кој е експерт за преговори со ЕУ, и да се помолиме за покој на аспирантот земја… Црна Македонијо, тажна приказна од удбашките тефтери… Народот е соучесник не е жртва, каков народ таква власт…
Никогаш северна, само клептоманија !
Инаку медиумите во Македонија, купени од Орбан беа најгласни во црната пропаганда против Софија, ги хранеа со аргументи, сега други планови имаат, со време ќе разбереме сите.

