(ВИДЕО)ПЕСНА ЗА ЗАБОРАВЕНИОТ ВОЈВОДА НА ВМРО МИЦЕ ЧЕГАНСКИ

Во овие историски моменти за Македонија и Бугарија, излезе песна за војводата на ВМРО Мице Чегански, соопштуваат од ВМРО. Песната е во изведба на дуетот Бисера и Лидија заедно со авторот на музиката Дани Милев.

loading...

Текстот на песната е напишан од Александар Радовски, а автор на клипот кон песната е Милчо Канчев по потекло од Кратово.

Оваа песна е дел од проектот на младите пејачки Бисера Иванова и Лидија Ангелова, кои се трудат да го зачуваат споменот за голем број војводи на ВМРО, кои се бореле и го дале својот живот за поробена Македонија.

Канчеви, се голем род од Кратово, чии потомци биле избркани од српската окупаторска власт заради својата бугарска национална свест.

Димитар Христов Мулов, нарекуван уште Мице или Мицо Чегански е роден во 1875 г, во селото Чеган, Воденско. Во 1903 година зема учество во Илинденското востание, како комита во чета на Солунскиот револуционерен округ. По Илинденското востание е околијски војвода за реонот на Воден.

По Првата светска војна учествува во возобновувањето на ВМРО. Заедно со Георги Хазнатарски-Полски, Тома Радовски-Радовалијата, Никола Хаџиев-Даскалот, Гоце Манолев-Пирински, Динчо Балкански, Петар Говедаров-Говедарчето и браќата Илија и Кирил Лерински го раководи пунктот за собирање царина на ВМРО во месноста „Попови ливади“ во Пирин планина.

Од 1922 г. е назначен за мелнички војвода и зема активно учество во Неврокопската акција под раководството на Алеко Василев-Пашата.

През 1922 година е назначен за мелнишки околийски войвода, участва активно в Неврокопските събития под ръководството на Алеко Василев (Алеко Паша).


loading...

Од 1924 до 1928 е околијски војвода на ВМРО во Воден. По извршувањето на смртната пресуда на ВМРО врз генерал Александар Протогеров, зазема протогеровистички позиции. Близок соработник е со членот на ЦК на ВМРО Георги Попхристов.

Мице Чегански е уапсен од бугарската царска полиција во 1933 г и лежи неколку години во затвор заради своите активности во редовите на ВМРО.

За време на Втората светска војна соработува со германската војска на територијата на Беломорска Македонија.

По војната живее во Бугарија. Во 1951 година заедно со старите комити Андон Ќосето и Георги Попхристов, сопругата на Васил Чекаларов-Олга и многу други се објавуваат против претензиите на СФРЈ за југословенско малцинство во Бугарија.

Мице Чегански умира во Софија на 95 г. во 1970 г.