| |

Не е прашање дали Ѓорѓиевски го смени билбордот туку кој и зошто го постави згрешен

Ивон Величковски

Идната “престолнина на културата” – треба да се грижи за “добродојде” и “добар пат” и на француски, германски, италијански…, турски, бошњачки, влашки, српски, бугарски, грчки… јазик, а не како да го избрише албанскиот.

Скопје е град на мулти етничност/јазичност/културност и отвореност. И за тоа не се бара дозвола од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да ја коментира јавната реакција, да одговори дали сите градски “проекти” се водат вака аматерски?

Затоа наместо кружен тек, “Тутунски” доби уште еден семафор за дополнителен застој?

Затоа секој посилен дожд го претвора Скопје во Венеција – по број на поплавени улици?

Никој во Градот не го проверил дизајнот на градска табла? Внатрепартиските местенки се небитни за скопјани.

И со администрација намалена за 1/3 – партиските кадри “нишај врата – земи плата” нема да недостасуваат низ канцелариите.



Слични Објави