|

АЛИЈАНСАТА НА АЛБАНЦИТЕ БАРА ОСУМ ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ

Алијансата на Албанците на Зијадин Села не ја прифаќа инцијативата на 12те пратеници за една изборна единица бидејки според нив, партиите не можат да постигнат да имаат контрола на изборниот процес на целата територија и се сомневаат дека тоа може вештачки да го крене цензусот онаму каде што нема контрола, пренесува Лидер.

– Ние размислуваме на нов модел на организирање на избори. Бараме 8 изборни единици согласно регионалната поделба која што постои, со отворени листи. При тоа не сите изборни единици би носеле ист број на пратеници, туку согласно бројот на гласачи во тој регион – рече Зијадин Села, пратеник на Алијансата на Албанците.
За партијата на Села не е прифатлива ни идејата за 3 изборни единици бидејќи тоа нема да донесе никава промена во распоредот на силите.



Слични Објави