„МЛАДИНА БЕЗ БОГ“ И „БАКХИ“ НА МОТ
„Младина без Бог“ на Борут Шепаровиќ е хрватската претстава во продукција на ЗКМ Театарот и Мотажстрој, која скопската публика ќе може да ја види вечерва (17 септември) со почеток од 20 часот, во Младинскиот културен центар, а во рамки на Млад отворен театар.Во терминот од 22 часот, на малата сцена на Националната опера и балет ќе се изведе „Бакхи“ во режија на Игор Вук Торбица на Народниот театар од Битола.

