ЏОНСОН ЌЕ ГО ПОЧИТУВА ЗАКОНОТ, НО СЕПАК ЌЕ ЈА ИЗВАДИ БРИТАНИЈА ОД ЕУ НА 31 ОКТОМВРИ

//

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ќе го почитува законот, но и покрај тоа Обединетото кралство ќе го извади од Европската унија на крајот од октомври, со или без договор, пренесоа британските медиуми.

Законот, што во текот на овој месец беше донесен од британскиот Парламент, од Џонсон очекува да побара од ЕУ тримесечно забавување на Брегзит, доколку договорот не биде одобрен до 19 октомври, и покрај тоа што информациите на британските медиуми кажуваат дека неговата екипа бара начини да го заобиколи.

Премиерот, меѓутоа, не ги откри деталите за тоа како има намера да го избегне барањето за одложување на Брегзит, доколку не се постигне договорот со ЕУ.

Запрашан од Би-Би-Си дали Велика Британија е стабилна држава или е западната во хаос, Џонсон кажа дека земјата е „исклучително стабилна“.



Претходна статија

ПЕНДАРОВСКИ – ТУСК: ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВААТ ЕВРОПСКА ИДНИНА

Следна статија

АЛИЈАНСАТА НА АЛБАНЦИТЕ БАРА ОСУМ ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ

Најново од Вести