Силен земјотрес во Дубровник, граѓаните преплашени
Рано утрово земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во морето кај Дубровник, пишува „Вечерњи лист“.
Според информациите добиени од ЕМСЦ, јачината на земјотресот бил точно 4 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Јадранското Море, на седум километри југоисточно од Дубровник, на длабочина од 1,9 километри. Истиот земјотрес беше почувствуван и во Босна и Херцеговина кај Требиње.
Како што пишуваат сведоците на веб-страницата на ЕМСЦ, земјотресот бил краток, но силен.
„Беше кратко, силно и страшно“.
„Се почувствува ненадејно и се се тресеше“.
„Многу краток, но скокнав од кревет. Една секунда!”
„Неколку секунди, но добро се тресеше!“
„Од вревата и чкрипењето на куќата, бев ужасно исплашен“.
Земјотресот, како што пренесуваат медиумите во БиХ, бил на 20 километри југозападно од Требиње. Се уште нема информации за евентуална штета.