АПЕЛАЦИЈА ГИ ПОТВРДИ ПРЕСУДИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ
Апелацискиот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите и нивните бранители и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово, потврдуваат од второстепениот суд за МКД.мк.
Одлуката е донесена по три месеци откако беше одржана јавна седница на која се разгледуваа жалбите на првостепената одлука која ја донесе судијката Верка Петковска. Со потврдувањето на одлуката од второстепениот суд пресудата е правосилна.
