| |

ЕВЕ КАДЕ ВО РС МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА

Во Бугарија започна предизборната кампања. 30 партии и коалиции влегуваат во предизборната трка за 45-то Национално собрание, а кампањата ќе трае до 2 април на полноќ.Бугарските партии и коалиции ќе ја бараат поддршката на 6.732.316 запишани гласачи во земјата. Досега се поднесени вкупно 63.500 апликации за отворање на избирачки места надвор од Бугарија. Од нив, само 1.230 се поднесени во хартиена форма, а другите се доставени по електронски пат. Најмногу апликации се поднесени од Турција – 15.000.

На територијата на РС Македонија ќе може да се гласа во Бугарската амбасада во Скопје, во Генералниот конзулат во Битола, во Охрид, Штип и во Струмица.



Слични Објави