| |

КРИЗНИОТ ШТАБ ВО КУМАНОВО БАРА МЕРКИ ЗА ЗАЖИВУВАЊЕ НА КАФЕАНИТЕ, КАФУЛИЊАТА И ДУЌАНИТЕ

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на кризниот штаб, каде беше побарано од Владата во најитна постапка да донесе соодветни мерки, протоколи и препораки за брзо заживување на стопанските субјекти ( хотели, ресторани, кафеани, кафулиња, занаетчиски дуќани и мали трговски единици) на територија на Општина Куманово.

Кумановскиот кризен штаб од Владата бара јасни и прецизно детерминирани услови и насоки за начинот, поставеноста и внатрешното уредување на функционалниот поростор во истите.

Согласно предходните мерки предложени од страна на Владата, кризниот штаб препорачува градоначалникот да ги врати во функција сите служби во рамки на Општина Куманово како и во Јавните претпријатија за да се запази функционалноста на општината и потребите на граѓаните.

Кризниот штаб предложи повеќе заклучоци, меѓу кои да се прекине со понатамошна дезинфекција на предходно определени пунктови за возила освен на двата пункта кои патно ја поврзуваат Општина Липково со Општина Куманово ( пункт Огрев и пунктот во Бедиње); да се прекине со понатамошна превентивна дезинфекција на колективните објекти за домување и таа обврска да се пренесе на приватните субјекти ( стамбените домари) кои и до сега согласно законот се задолжени за грижа и одржување на истите; да се прекине со понатамошна превентивна дезинфекција на јавните простори и јавни површини во Општина Куманово, да се продолжи со редовно миење на улиците со натриум хипохлорид по дефинаран план и динамика во ЈП „Чистота и зеленило“.

Согласно барањата на предходно одржаниот состанок со претставници на Локален економски совет како едно од приоритетни барања е за делумно враќање на градскиот превоз за потреби на стопанството, кризниот штаб порачува до градоначалникот во консултација со Влада во најскор можен рок да излезе со предлог за реализација на нивните барања./Makfax



Слични Објави