ЗА РЕЗИЛ СМЕ!

Се прашувам, дали е ова нормално лето?! Дали состојбата во која се наоѓаме е нормална?! Дали ова што денес им се случува на граѓаните во оваа држава е хумано и законско?!

Сакал или не, морам да речам, не. Не, всушност, спротивното е, земјата е во состојба на вриење и е на работ од силно избувнување.

Ама, пак, летoто, поради својата релаксирачка природа, влијае кон политиката, а особено кон извршната, да бидеме потолерантни, па и донекаде да ги заборавиме нејзините гревови. Дозволуваме таа да одмори од својата одговорност.

Исто и со луѓето за кои се покренати разни обвиненија. Летото е за одмор, па ги (под)ослободуваме од обвиненијата. Каква иронија!

Зарем и чесниот човек, кој на сред лето талка по партиски канцеларии за да најде работа, треба да ѝ прости на тоталитарната политика на ДУИ? Затоа што, нели, сега е лето и нормално е и функционерите на партијата да се фокусирани на своето уживање на светските плажи и мориња.

Ова е речиси исто како болните во агонија да ги поминуваат своите денови во афрички горештини, затоа што не работи клима-уредот во разурнатите болници, додека директорот и неговите браќа функционери заминале на годишен одмор, не можејќи да се справат со топлотниот удар.

Сето ова огромно оптеретување, кое од ден на ден расте сѐ повеќе и повеќе, станува материјал за нуклеарна бомба што ќе експлодира без да поштеди никого доколку и понатаму продолжи парализата на Владата.

Сакам малку да се осврнам и на Охридскиот договор, чие склучување беше еден од најважните настани во државата. Денес, по 18 години, Договорот заслужува да го нарекуваме “Резил договор“!

Сите овие последици се резултат на партијата која времето кое треба да го помине во судница го поминува во Владата. Луѓето некогаш толку многу му веруваа на лидерот на ДУИ, но предавството е нешто што го мразат и презираат бидејќи го направиле токму оние на кои си им верувал.

Ако порано цел народ го бранеше Али Ахмети од полицијата, денес полицијата го штити токму него од народот, така би се изразил еден од многуте што се чувствуваат предадени, понижени, исмејувани, опљачкани, тероризирани од дивизиите на ДУИ и нејзините водачи.

Тоа е таа групација за која одамна постојат сомнежи дека е мафијашка, народот ја напуштил, но Владата и понатаму ја држи под своја закрила … А со самото тоа, со нејзиното присуство во Владата, штетите сé повеќе се зголемуваат, а омразата на народот кон оваа партија веќе достигна епски размери!
Позната во целиот свет како соучесник на режимот кој убиваше и казнуваше, затворајќи невини Албанци, оваа партија е на метата на народниот гнев. Ама си ја тера старата песна бидејќи “ДУИ го менува Груевски, но навиките не ги заборава“ … И така, оваа партија продолжува да се протнува во стар стил и да тргува со правата и имотите на народот.

Накратко, ДУИ тоне исто како и “Титаник“. И колку што е сигурна онаа дека “давеникот те дави“,толку сигурно ќе биде дека доколку СДСМ продолжи по секоја цена да ја брани ДУИ, партијата сигурно ќе ја изгуби власта!

Нејсе. Ова топло лето, што продолжува да ја топи радоста на луѓето или нивните право, не доаѓа од ниту еден африкански фронт. Напротив, доаѓа од многу поблиску, од континентот на саваните, доаѓа од зградата на Владата, која под својот кров држи и одржува во живот една партија која мириса на вина, неуспех и капитулација!

Автор: д-р Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар