Радев ќе ја свика првата седница на бугарскиот парламент на 3 декември

//

Претседателот на Бугарија Румен Радев ќе ја свика првата седница на новиот парламентарен состав на 3 декември во 9 часот.

На изборите што се одржаа на 14 ноември победи партијата „Продолжуваме промената“ на поранешните службени министри Кирил Петков и Асен Василев, која доби 67 пратенички места во бугарското Народно собрание.

Партијата на Бојко Борисов ГЕРБ заедно со коалициониот партнер СДС доби 59 пратенички мандати. На трето место е партијата ДПС со 34 мандати. Социјалистите добија 26 мандати, додека партијата на Слави Трифонов успеа да внесе 25 пратеници во парламентот.

На последните две места се наоѓаат партиите Демократска Бугарија и Возраждане со соодветно 16 и 13 пратеници.

Се очекува Радев да го предаде мандатот за состав на нова влада на партијата победничка на изборите „Продолжуваме промената“. Преговорите за создавање на владина коалиција започнаа неделава на иницијатива на „Продолжуваме промената“. Во тие преговори, поделени во секторни политики, освен победничката партија учествуваат претставници на БСП, Има таков народ и Демократска Бугарија.



Претходна статија

Од среда пластичните кеси ќе чинат 15 денари

Следна статија

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

Најново од Вести