Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

/

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд.

Во соопштението за седницата се нагласува дека на конечната листа за избор имало петмина кандидати за оваа функција.

Сејдини всушност е реизбран на функцијата, бидејќи истата ја извршуваше и во претходниот период од 2017 до 2021 година.

„При неговиот избор беше нагласена неговата професионалност, организираност, искуството и резултатите што ги има постигнато“, се наведува во соопштението.

На седницата Судскиот совет определил и вршители на должноста претседател во неколку основни судови – Куманово, Ресен и Тетово, кои исто така и досега биле на челните функции.



„Досегашната претседателка Снежана Манев ќе раководи со Основен суд Куманово. За Основен суд Ресен е определена Емељ Кранли Али, која исто така до сега беше на челната функција во судот. Хасан Асани, досегашниот претседател на судот во Тетово е определен за вршител на должност. Тројцата претседатели се определни за вршители на должност поради континуитетот во работата на судовите, а на функцијата ќе останат одреден период, до официјален избор на претседатели“, посочуваат од Судскиот совет.

Со оглед дека во неколку судови има определено вршители на должност, објавени се огласи за избор на претседател на основните судови во Куманово, Ресен, Тетово, Берово и за Основен кривичен суд Скопје.

Извор: Темите



Претходна статија

Радев ќе ја свика првата седница на бугарскиот парламент на 3 декември

Следна статија

Бензините певтинуваат, дизелот останува со иста цена

Најново од Вести