Која е разликата помеѓу македонството и македонизмот?

//

Facebook статус на Арсим Зеколи

Завршницата не е можна без почетокот. Разрешницата не е можна без отплеткување на зачетната компликација. Ниту спорот Македонија – Бугарија може да биде заокружен ако прво не се препознае првичната точка на спорењето.

1.Кога почна спорот?

2.Кој го почна спорот?

3.Како почна спорот?

4.Зошто почна спорот?



5.Која е разликата помеѓу македонството и македонизмот?

Зачетокот и подлогата на спорот датира од периодот помеѓу двете светски војни, како реперкусија на Октомвриската Револуција. Победата на комунизмот (бољшевизмот) и поразот на феудализмот предизвика промени во надворешните политики на Русија, бранови емиграција на царистите и реформатирање на Руската Православна Црква како вековен столб на националната и националистичка политика на Царска Русија. Црковната емиграција блиска до империјалниоѕт двор се најде на иста бранова должина со западно-европските земји и во православните земји кои стравуваа од повторување на Октомвриската Револуција во сопствените дворови и по слабеење на нивната улога врз домицилните влади, политики и општества. Во тој отклон од Рускиот бољшевизам и подредувањето на Руската Црква кон новите црвени владари, конзервативните кругови во Русија и особено во Европа стремеа кон повлекување на нова линија на поделба преку комбинирање на световното и сакралното, засилување на етно-националистичкиот тон во православието и создавање нова конзервативна струја со која ќе се дистанцираат од екуменски-социалистичкиот новоговор на РПЦ во СССР.

Поради трационалната блискост и споделувањето на истите стrравови од комунизмот, најсилното упортиште на тоа ново-верно интерпретирање на православието РПЦ ќе најде во Србија. За што посебна заслуга има рускиот свештеник Фёдор Иванович Титов, сметан за автор на терминот “светосавие”. Неговото влијание ќе биде прифатено од истакнати српски црквени лица со чија помош светосавието наскоро ќе прерасне во идеологија на десницата. Предводено од епископот Николај Велимирович и политичарот Димитрије Љотиќ, кои отворено ќе прават паралела помеѓу подемот на национал-социјализмот во Германија како модел на поврзувањето на религијата и нацијата во одбрана од комунизмот. Познат е ставот на Велимирович за Адолф Хитлер на кој, според него, “треба да му се одаде признане дека како човек од народот увидел дека национализам без вера е аномалија, ладен и несигурен механизам. И ете, тој (Хитлер) во 20 век дошол на идејата на Свети Сава и како лаик за сопсѕтвениот народ ја прервзел најважната работа како што и единствено му приличи на еден светитетл, гениј и херој”

На фонот на овие длабоки потреси во националното и религијското во Србија ќе се одвиваат и редица други настани со далекусежни последици. Зачетокот на денешниот спор коинцидира со други негаторски, ревизионистички, шовинистички случувања во политичката, научна и образовна сфера на Србија во однос кон соседите. Тоа е период кој коинцидира со заживувањето на митот за Косово, за Битката на Косово и се реактуализира Начертанијето на Илија Гарашанин по пропаѓањето на Букурештанскиот договор на Кнез Михаило Обреновиќ за заедничка држава на Србите и Бугарите, а како последица на Првата Светска Војна. Во овој период се јавува првото негирање во однос на идентитетот и пореклото, преку форсирање на тезата за азијско-татарско-монголско потекло на Бугарите и нивно негирање на словенството. При што Србија и српската наука самозадоволно врз себе ќе ја превземе “цивилизаторската” улога во новата заедничка држава во која би влегле и бугарите “варварското несловенство, азиатска приземност, неблагодарност и материјалност на бугарското племе ќе мора да се скрши во темел а културното и јуначко југословенство ќе мора да владее над варварскиот и татарскиот дел на југословенството. Југословенскиот бугарски елемент ќе мора да биде од темел преработен и од длабочина облагороден и животно апсорбиран од стихијски од нив посилната култура и држава на Србохрвати и Словенци” (Димитрие Митриновиќ, 1913).

Во овој цитат се крие клучната поента на сегашниот спор помеѓу Македонија и Бугарија. Дека првичниот акт на непризнавање не е вперен кон етничкиот идентитет на Македонците, туку кон негирање на словенскиот идентитет на Бугарите од страна на тогашна Србија и Кралство Југославија со отворени колонијални и шовинистички претензии. И пред, се основата на спорот е целосно расистички и супремацистички обоен.
Спроведувањето на оваа расно обоена, длабоко шовинистичка политика беше накусо прекината во тек на втората светска војна, воглавно поради симетријата на приклонување кон комунизмот и/или фашизмот во Србија и Бугарија. Но, подеднакво како што идеологијата на Начертание и српскиот расизам и шовинизам продолжи во пост-воениот период преку прогон и иселување на Албанците, Босанците, католиците, истото наскоро ќе биде спроведено и кон Бугарија и Бугарите, особено во текот и по крајот на граѓанската војна во Грција.

Амбициите на НФРЈ и Јосиб Броз за ширење на неговата моќ врз соседните земји ќе доведе и до појава на два тренда во однос кон Албанија и Бугарија. Во однос на Албанија тој тренд и политика ќе биде именуван од страна на Енвер Хоџа како “titism” (титоизам), ревизионистичка идеологија заснована врз националистичките апетити на Броз и во спротивност со марксистичките постулати. Во однос кон Бугарија, тој тренд ќе биде именуван како “македонизам”, идеологизација на македонството со утилитарна цел на ширење на влијанието (југословенизмот) во соседна Бугарија преку искористување на реалните национални, етнички, културни чувства на македонците.
Денес, таа линија на дистинкција помеѓу македонизмот и македонството е подвлечена помеѓу експлоатација на македонизмот од страна на привилегираниот естаблишмент наследен од СФРЈ и македонството како автентично, спонтано чувство на македонскиот народ. Во однос кон Бугарија, загрозувањето на македонизмот се подразбира како закана кон континуитетот на системот воспоставен од страна на СФРЈ и нејзината регионално-утилитарна природа. Но, интересно е што претставниците од Софија избегнуваат или се воздржуваат од сатанизирачко дерогирање на македонството.

Тој процес започнат во периодот помеѓу двете светски војни сега се заокружува со војната во Украина, јакнењето на свеста на општеството за историјските ревизионизми, раздвојувањето на црквата и државата (некогашната и нејзините остатоци во клерот), приклонувањето кон западот и новите историјски документи и сведоштва. Сегашното негирање на Македонците не може да биде разрешено доколку првично не се расчисти со иницијалното непризанвање на словенството на Бугарите. Зајакнувањето на македонството ќе остане хендикепирано се додека биде секундарно поставено пред приматот, приоритите и приватната експлоатација на македонизмот од страна на домашните и соседските креатори на македонизмот како идеологија и утилитарен инструмент.
Во спротивно, поделбата ќе продолжи преку доминација на македонизмот “по дома” и ислеување на македонството по светот. Со “социјални пасоши”. Во очекување на иронијата на судбината да расчистувањето со генезата на Македонизмот дојде токму од Белград. Во форма на медиумски отварања на архивите за “злочни над Бугарима у Краљевини СХС и Социјалистикој Југославији”.



Претходна статија

Генчовска за РСМ: Не преговараме, се подготвуваме за посета на стручните тимови на двете МНР

Следна статија

Како да ја препознаете петтата колона на Скопје во Бугарија?

Најново од Ваш став

Во „име“ на народот

Facebook статус на Никица Корубин “Народот” е најприсутен во јавниот говор, деновиве. Сите се повикуваат на

Живот во мит

Fb статус на Никица Корубин Што подразбираме кога ќе кажеме Македонија и Македонски е прашањето со