| |

ПРИВЕДЕНИ ЗА КРАЖБА, НОСЕЊЕ ОРУЖЈЕ И ЗАКАНИ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Четворица мажи се приведени од полицијата во текот на вчерашниот ден како осомничени за повеќе различни дела.

Еден е за извршена тешка кражба, двајца за носење оружје и едно лице за закани кон сопругата.

– Околу 13.00 часот лишен од слобода е М.К.(35) од Тетово поради сомнение дека сторил кривични дела „кражба” и „тешка кражба”. При претрес, извршен со судска наредба во неговиот дом, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од овие кривични дела. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.

По пријава на 33 годишна жена од Тетово, приведен е нејзиниот 50-годишен сопруг кој ѝ се заканувал.

Вечерта во 21.15 часот. во близина на наплатната станица Желино, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле Ј.Ќ.(41) од тетовско Нераште и И.А.(61) од Тетово.

– При нивен и преглед на возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Н.Т.(39) од Тетово, кај нив биле пронајдени два ножеви, информира тетовската полиција.

Против двајцата ќе бидат поднесени пријави по член 80 од Законот за оружје.

Слични Објави