ФИЛИПЧЕ: НОВОГОДИШНАТА НОЌ ПОМИНА МИРНО, ГРАЃАНИТЕ ГИ ПОЧИТУВАЛЕ МЕРКИТЕ
Министерот за здравство д-р Венко Филипче во изјава за медиумите информираше дека новогодишната ноќ помина мирно за дежурните екипи споредбено со претходните години. Во Ургентниот хируршки центар извршени се десетина прегледи и приеми, споредбено со 30, 40 во изминатите години. Десеттина прегледи и приеми се изведени и на Клиниката за токсикологија, исто така многу помалку споредбено со 30тина случаи кои биле примени во претходните години.
„Навистина се почитувале мерките, да нема прослави, да нема групирање и тоа е една голема заслуга и на граѓаните“, рече Филипче.