|

Над 30 дрона се упатија кон Украина: Русите ги таргетираат Одеса, Херсон и Миколаив

Во текот на ноќта руските вооружени сили лансираа 31 беспилотно летало и два проектила на југот на Украина, а украинскиот систем за противвоздушна одбрана собори 28 беспилотни летала , соопшти Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина.

„Беспилотните летала беа соборени над регионите Одеса, Херсон, Миколаив, Донецк, Кировоград и Хмелницки, а беа лансирани од Крим“, пренесува „Ројтерс“.

Воените и цивилните власти не пријавиле штета или жртви.



Слични Објави