Бугарскиот научноистражувачки брод „Св. св. Кирил и Методиј“ успешно ја заврши 34-тата антарктичка експедиција
Бугарскиот научноистражувачки брод „Св. св. Кирил и Методиј“ (НИК 421) пристигна на Морската станица во Варна, со што успешно заврши 34-тата бугарска антарктичка експедиција, јавува БТА.
Пловниот објект тргна од Ледениот континент на 17 февруари. Неговата последна станица беше шпанското пристаниште Картахена, од каде екипажот исплови на 2 април кон Бугарија. Во Картахена на бродот се качија кадети од Високото воено-морнарско училиште во Варна, како и од военоморнарските академии на Романија, Полска и Норвешка, за спроведување краткорочна практична обука по пловидба од шпанскиот град до Варна.
Бугарскиот научноистражувачки брод „Св. св. Кирил и Методиј“ (НИК 421) ја започна својата четврта мисија кон Ледениот континент на 7 ноември минатата година од Варна.
БТА има национален прес-клуб на бродот НИК 421 од 2022 година.
