| | |

Важна информација за сите идни студенти што сакаат да студираат во Бугарија: Министерството за образование и наука на Бугарија организира информативни средби во Скопје, Битола и Струмица

Министерството за образование и наука на Бугарија заедно со Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола и Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје организира информативна кампања за промоција на високото образование во Република Бугарија во периодот 7-9 декември 2023 година, јавува бугарското Министерство за образование и наука.

Информативните средби во рамките на кампањата ќе се одржат во следниот редослед:

07.12.2023 11:00 – 15:00 часот – хотел Солун, Скопје, ул. Никола Вапцаров бр.10.
08.12.2023 11:00 – 15:00 часот – Хотел „Милениум“, град Битола, ул.„Маршал Тито“ бр.48.
09.12.2023 11:00–15:00 часот – зграда на Дом на млади, Струмица, ул.Сандо Манев бр.1.

Поканети се сите идни студенти и нивните родители, кои се заинтересирани да студираат во бугарските високообразовни институции. Тие ќе можат на лице место да се информираат за условите за студирање во Бугарија, за предностите што бугарските високообразовни институции можат да ги понудат и за македонските граѓани и за оние кои сакаат да аплицираат според Уредбата бр. 103/1993 на бугарската Влада за спроведување на образовната дејност меѓу Бугарите во странство и Уредбата бр. 228/1997 на бугарската Влада за прием на државјани на Република Северна Македонија како студенти на државните универзитети во Република Бугарија.




Слични Објави