| |

Почна 29-то издание на „Банско џез фестивал“

Министерот за култура на Бугарија Евтим Милошев на 31 јули го отвори 29-то издание на „Банско џез фестивал“, посакувајќи ѝ на публиката „добар џез“.

„Џезот е слобода, музиката е слобода, а тука, во Банско, во подножјето на планината, слободата се чувствува на сосема поинаков начин“, рече Милошев, нагласувајќи дека Министерството за култура на Бугарија е партнер на фестивалот.

Фестивалот почна со концерт по повод 75-от роденден на Љубомир Денев. Настапија „Антони Дончев All Star Big Band“ со Милица Гладнишка, Камелија Тодорова и Орлин Павлов, како и Били Кобам со проектот „Time Machine“.

До 9 август во Банско ќе се одржат 83 концерти на четири сцени, со музичари од 20 држави.



Слични Објави