Брнс: САД нема да се мешаат директно во спорот Софија-Скопје

//

„Јасно е дека улогата на САД е поврзана со тоа, што ние имаме интерес и ја сметаме РС Македонија за наш стратешки партнер, како што е и ЕУ, но тоа не е прашање што САД директно ќе го решаваат. Поради тоа, ве молам да стоите подалеку од информации што можат да ве подведат“, изјави американската амбасадорка во Кејт Мери Брнс, пренесува БГНЕС.

Изјавата на Брнс доаѓа по неодамнешното интервју на заменик-помошникот државен секретар Габриел Ескобар во однос на евроинтеграцијата на РС Македонија.

„Ние ја гледаме македонската иднина во ЕУ и го потврдуваме значењето на решавањето на тие прашања. Се надевам дека тоа ќе продолжи до крајот на годината. Разговараме со сите партнери. Разговараме со владата во Скопје, со владите во соседните земји, но и со цела Европа, за да направиме се што е можно за да го придвижиме процесот напред. Немам никаква конкретна информација во моментов, освен тоа да го потврдам дека САД ќе се вклучи во прашањето и во разговорите, затоа што споделуваме една иста визија- РС Македонија да го заземе заслуженото место во Европа и ЕУ и се надевам дека тоа ќе се случи скоро“, изјави Брнс и одби да шпекулира со информации за „некаков план, за којшто не слушнала“.



Претходна статија

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Следна статија

МЗ: 78 отсто од новите случаи и 80 отсто од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

Најново од Вести