Нападнати три лица од Кратово во казино во Крива Паланка

/

Во  казино во Крива Паланка синоќа физички биле нападнати три лица. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот го пријавил 33-годишниот З.А. од село Страцин.– На 23 септември 2021 во 22.06 часот,  во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека е извршен физички напад врз тројца млади од кратовското село Страцин. Нападот го пријавил 33-годишниот З.А. од Страцин, кој пријавил дека врз него и неговите пријатели – 30- годишниот С.М. и М.М. е извршен физички напад, информира Ивана Младеновска, портпарол на Секторот за внатрешни работи Куманово.Посочи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

МЗ: 78 отсто од новите случаи и 80 отсто од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

Следна статија

Хирурзите од „8-ми септември“ најавуваат протести – операционите сали, се претворија во ковид-соби

Најново од Вести