Марин Рајков: РС Македонија треба длабоко да ја реформира својата државна идеологија за да добие отворена врата за преговори со ЕУ

//

„Југословенскиот комунистички режим изгради етничка идеологија за која што денес Скопје се труди да добие европска легитимација. Дали некој и го сменил односот на Бугарија кон тоа „наследство“ во Скопје, не знам. Но знам дека големиот број анкети меѓу Бугарите велат дека 80 % од луѓето го поддржуваат настојувањето РС Македонија радикално да го ревизира своето тоталитарно минато и наследената од Југославија етничка државна идеологија“, изјави поранешниот прв дипломат на Бугарија и амбасадор во Велика Британија Марин Рајков во интервју за бугарскиот дневен весник Капитал.

Според Рајков земјите од ЕУ почнуваат да го разбираат настојувањето на Бугарија РС Македонија да ги спроведува своите меѓународни ангажмани и поконкретно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.

Според бугарскиот амбасадор заедничката историја, отказот од малцински претензии и јазичната клаузула во Договорот се црвени линии и ако РС Македонија не ги почитува своите меѓународни обврски како би можела да ги почитува обврските од Договорот за ЕУ.

Во однос на прашањето за Бугарите во РС Македонија , Рајков го вели следното: „Бугарија настојува да бидат одредени јасни гаранции во рамката за идните преговори на Скопје со ЕУ. Настојува и за исполнување на критериумите од Копенхаген во однос на правата на човекот и поспецијално за правата на македонските Бугари.“
Тој потсетува дека повеќе од 120 000 граѓани на РС Македонија го докажале своето бугарско потекло со документи во рамките на процедурата за добивање на бугарски државјанства. Илјадници други според него сѐ уште не се осмелуваат да го направат тоа.

„Тие македонски Бугари не се и нема како да бидат малцинство во својата земја. Тие се државотворен народ, дел од бугарскиот етнос на територијата на новата држава. Заедно со целата бугарска нација, тие се носители на општата историја на Бугарија и РС Македонија. Тие треба да се видат себеси во Собранието, во власта, во учебниците по историја и во медиумите. Децениските репресии против нив треба да бидат разобличени а архивите на УДБА отворени. Семејствата за жртвите треба да добијат отплата“, вели Рајков во интервјуто за Капитал.

Бугарскиот амбасадор е дециден дека РС Македонија нема како да ги започне преговорите за влез во ЕУ како единствената земја во Источна Европа која не го ревизирала своето тоталитарно наследство.



„Нема како да ги изгорат тие страници пред да ги прочитале. Да го негираш крвавото Коледе и репресиите против македонските Бугари кои се случуваат после него е исто толку неприфатливо колку што е тоа да ги негираш ужасите од Сребреница и Рачак“, вели Рајков.

Тој го определи како закана интегрирањето на тоталитарната етничка идеологија останата како наследство во РС Македонија.
„Ако таа тоталитарна етничка идеологија биде интегрирана во Европа таа би била реална закана за стабилноста на овој дел од ЕУ, бидејќи наместо да интегрираме партнер ќе интегрираме проблем. Таа закана е реална“, вели Рајков.

Во однос на тоа дали во спорот меѓу Скопје и Софија е потребен посредник Рајков е дециден дека таков не е потребен.
„Немаме потреба од посредници. Секое наредно претседателство на Советот на ЕУ го докажува тоа. Видовте каква непремерена скопска реакција предизвика изјавата на државната секретарка за европски прашања на Португалија Ана Паула Закаријаш за тоа дека во минатото нашите јазици биле еден јазик. Проблемите треба да си ги решаваме самите ние. Без брзање, без наивност, со трпение и стабилна бугарска позиција која треба да ја презентираме поуверливо“, вели Рајков во интервјуто за Капитал.

Во однос на говорот на омраза кон Бугарија Рајков истакна дека бугарофобијата е израз на кризата на идентитетот за која што зборуваат политичките анализатори во РС Македонија. Таа никогаш не била прекинувана.
„Говорот на омраза е постојана политичка реалност во РС Македонија а решавањето на проблемите може да се случи само по длабоки реформи во државната идеологија на таа толку блиска до нас земја. Така ќе биде отворена вратата и за посакуваниот и од нас почеток на преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ“, дециден е Рајков.

Претходна статија

(Видео) Кривична за градоначалникот на Петровец и уште седум лица за перење пари

Следна статија

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Најново од Вести