| |

ДВЕ МАШКИ БЕБИЊА ПО ПОЛНОЌ, ВО ДВА ЧАСОТ РОДЕНО И ЖЕНСКО БЕБЕ

Првото родено бебе, поради протоколите за коронавирусот, денеска го посети само министерот за здравство Венко Филипче.

Град Скопје му додели штедна книшка со износ од 20.000 денари, а Министерството за труд и социјална политика златник. Од Министерството за здравство информираат дека и второто бебе исто така добило штедна книшка и златник, а подароци ќе има и за женското бебе.

Првороденото бебе е второ дете на 35-годишната мајка Бојана Миланова. Тешко е 3.650 грама и долго 51 сантиметар. Само неколку секунди по првото бебе, родено е второто машко бебе тешко 3.350 грама и долго 51 сантиметар. Мајка е 33-годишната Габриела Ѓошевска.

Слични Објави