| |

КОСТАДИНОВ (СДСМ): ЌЕ СЕ ПОЗДРАВИМЕ СО ТИЕ ШТО НЕ ЈА ОПРАВДАА ДОВЕРБАТА, ДРУГИ МОЖЕБИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДРУГИ ПОЗИЦИИ

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во врска со партиската чистка во врвот на владејачката партија истакна дека тие функционери што не ја оправдале довербата нема да добијат нови функции. Костадинов во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа истакна дека постои можност дел од поранешните функционери да добијат други функции.

Портпаролот на СДСМ истакна дека Кирацовски не бил разрешен туку самиот си поднел оставка. Во врска со непотизмот поврзан со самиот него, Костадинов истакна дека не чувствува вина за вработувањето на неговата мајка во Централен регистар, бидејќи таа се јавила на отворен оглас, немало други кандидати за работното место и не била вработена со директна протекција.

Костадинов побара и од опозицијата да преземе чекор за решавање на непотизмот во нејзините редови. Костадинов го нарече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев пример за непотизам.

Слични Објави