ДАЛИ СТАНУВАШ ПОГОЛЕМ МАЖ АКО НАВРЕДИШ ЖЕНА?

//

Миленко Неделковски, поради влијанието што го има (за жал) на медиумскиот простор, денеска го сметам за одговорен и виновен за рушењето на угледот на една жена со неговото „саркастично“ исмевање на неговата facebook страна. Миленко Неделковски не верувам дека би бил многу среќен ако некој друг „џентлмен“ како него, истото би го направил со неговата сопруга или ќерка.

Како влијателен (ќе повторам за жал) во одредени кругови, во отсуство на блуење омраза на други теми, овој (не)човек се осуди денес да ја навреди госпоѓата Заева. Еве нека се презиваше и Груевска или Мицкоска, Пендаровска, Стојаноска, Петрова, Митреска. НЕ Е ВАЖНО КОЈА Е! Се прашувам дали сега после ова глупаво исмевање тој стана ПОГОЛЕМ МАЖ?! Можеби со овој пост Миленковски најавува некоја антиженска кампања? Дали Миленковски воопшто размислува со тоа што му се наоѓа помеѓу двете уши (кај некои се вика мозок, кај него уште не е дефинирано), дека на овој начин влијае на младиот машки свет (нели што го следат), како да е нормално? Јас сметам дека овој човек го оправдува насилството врз жените. Ова е насиство! Психичко насилство! Зарем ваков пример треба да им се даде на младата машка популација, зарем е убаво да ги учите да бидат некултурни и груби?

На некој начин и го разбирам, „новинаров“, да не речам блогеров. Сигурно немал убаво детство, но за тоа пак си има психијатри! Тоа што сакал да го постигне Миленко и успеал. Како доказ за тоа се коментарите „ороспија со тапија“, „кутрата го испуштила лекот сабалјето“итн. Ми се гади да ги напишам.

Ги повикувам сите организации кои се занимаваат со правата на жените да посветат повеќе внимание на ваквите примери. Ги повикувам сите жени да не се плашат или срамат од ваквите дебилни испади и да си тужат за јавни навреди и психичка тортура. Никој маж без разлика дали е новинар, блогер, козар итн. не смее да си дозволи да навредува било која жена, па макар таа се презивала и Нeделковска. И за последно ве повикувам сите вас сопруги, девојки, мајки, сестри, да влезете на страната на Миленко и да ја пријавите. Ваков човек кој шири омраза не смее да биде во медиумскиот простор.

Силно се надевам дека за овој испад, Миленко ќе си крка една убава тужба. Нека биде пример и поука и за сите други како треба да се однесуваат јавно. А да, мислам дека треба министерот за здравство, да донесе одлука заедно со Владата, од сега па натаму секој граѓанин задолжително еднаш годишно да мора да отиде на психијатриски преглед. Доколку нешто не штима на резултатите, се знае во која институција треба да се прати пациентот за да си полежи-полечи.

Автор: Елизабета Најдоска Величкова



Претходна статија

ГЕРОСКИ: СЛОБОДНО КАЖУВАЈТЕ СИ МАКЕДОНИЈА ТОА НЕ Е ЗАБРАНЕТО ОД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

Следна статија

ГДУ-ОХРИД: ГРАДОНАЧАЛНИЧЕ ПЛАЖИТЕ НЕ СЕ ВАША ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ!

Најново од Истакнато