СПОРЕД Д. АРСОВСКИ ЗАЕВ ПЛАШЕЈЌИ СЕ ЗА СОПСТВЕНАТА ФУНКЦИЈА ЈА СПРОВЕЛ ОПЕРАЦИЈАТА „МЕТЛА“

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа, изјави дека Заев ја спровел операцијата „Метла“ од страв за сопствената раководна позиција во СДСМ. Според Арсовски чистката во СДСМ во моментот е чисто партиска работа, но додаде дека за дел од разрешените функционери на владејачката партија граѓаните го дале својот глас и исто ќе очекуваат одговорност. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ изјави уште дека поради огромниот број скандали и неуспеси, Заев исто така требало да поднесе одговорност