Уште еден земјотрес е регистриран во регионот на градот Симитли во Бугарија
Нов силен земјотрес е регистриран вечерва со епицентар градот Симитли во Бугарија. Откако утринава во 10 часот и 41 минути беше пријавен земјотрес со јачина од 3,9 степени, вечерва во 19 часот и 20 минути земјотрес од 4,4 степени беше почувствуван од граѓаните Симитли, Кресна и Благоевград, јави БНТ.
Нема извештаи за штети или жртви. Луѓето се загрижени бидејќи ова е уште еден од неколкуте земјотреси што го потресоа Симитли и регионот.
Претходно денеска неколку земјотреси ги исплашија луѓето во областа. Првиот потрес е регистриран во 09:17 часот на 4 километри од градот Симитли. Бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала. 25 минути подоцна во истото подрачје повторно е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,2 степени. Последниот потрес бил во 10 часот и 31 минути со јачина од 3,9 степени. Потресите се почувствувани и во Симитли каде е епицентарот и во Благоевград. Следеа уште неколку послаби земјотреси.
Регионот на градот Симитли е еден од најподложните на земјотреси во Бугарија. Години наназад таму е забележан најразорниот земјотрес кој го погодил селото Крупник.