Утре е сослушувањето на кандидатката за нов бугарски еврокомесар
Марија Габриел го посети Брисел еден ден пред сослушувањето на кандидатка за нов еврокомесар од Бугарија Илијана Иванова. Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија се сретна со Валдис Домбровскис, Вера Јоурова и Илва Јохансон и учествуваше на состанокот на Европската народна партија, јави БНТ, пренесува БГНЕС.
Илијана Иванова утре се очекува да биде сослушана од две комисии во ЕП, а за расправата се предвидени повеќе од 3 часа. Нејзе и биле поставени повеќе од 20 прашања кои ги добила писмено однапред, а таа веќе ги дала своите одговори.
Утре нема да биде јасно дали е одобрена од ЕП, но претседателите на двете комисии ќе го кажат својот став. Претседавачкиот совет на ЕП во среда дефинитивно ќе каже дали ја одобрува Илиана Иванова за нов еврокомесар од Бугарија.