Ковачев: Нов загрижувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија
Сериозно сум загрижен поради денешните случувања со градоначалничката на Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, која е и бугарски државјанин. Го повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопје веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита, напиша на социјалната мрежа Facebook бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-ЕНП д-р Андреј Ковачев.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавен линч врз бугарски државјани кои вршат високи јавни функции и кои го стекнале бугарското државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле јавно да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да ја кријат или да се откажуваат од својата бугарска идентичност. Неодамна, сличен беше случајот со министерката за енергетика Санја Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со лица од најблискиот семеен круг на сегашниот, претходниот и по-претходниот премиер на државата.
Бугарската држава има долг кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по сопствена волја, докажале бугарско потекло со документи и лично изјавиле дека денес се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човечко достоинство“, стои во објавата на д-р Ковачев.

