ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ДВА КРАКА ОД „СТАМЕН МАНОВ“

//

Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите во Владата на Република Македонија, Аксел Ахмедовски и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев вчера попладне го посетија Ромското Маало во Кочани, каде се одвиваат градежните активности за асфалтирање на два крака на улицата „Стамен Манов“.

Првиот крак, каде во моментот се работи на ископ на земја, е со должина од 136 м и ширина од 4 м. Проектот опфаќа тампонирање и асфалт со дебелина од 7 см.Вториот крак што ќе се асфалтира се наоѓа на левата страна пред Фабриката за вода, е со должина од 185 м и ширина од 4 м.
И на двата крака ќе бидат изработени потпорни ѕидови со должина од 25 и 30 метри, и ширина со 4 и 2 метра.

За изградбата на овие два крака на улицата „Стамен Манов“ се наменети близу 2 милиона денари, обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски, со одлука на Владата за поддршка на имплементацијата на Декадата на Ромите.

Со остатокот од одобрените 3 милиона денари од Министерството за транспорт и со кофинансирање од Општина Кочани, во наредниот период ќе се бетонира уште еден кракод улицата „Стамен Манов“ со површина од 205 м2, а ќе се градат потпорен ѕид и пристапни бетонски скали.

Претходна статија

(ВО ЖИВО) ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕЛА

Следна статија

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ОРГАНИЗИРАШЕ ИФТАРСКА ВЕЧЕРА: ДА ЈА НЕГУВАМЕ НАШАТА ЗАЕДНИЦА. Р. МАКЕДОНИЈА, ЕДНО СЕМЕЈСТВО НА СЛОЖНИ ГРАЃАНИ ОД РАЗЛИЧНИ ВЕРИ

Најново од Вести