(ВИДЕО) КОЛЕВ: ПОМАЛКУ ЧАСОВИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ И ПОСПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ОБУКИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ

„Итна реформа во образованието! Помалку часови за учениците, помал број ученици во паралелките, образование насочено кон талентите на самите ученици, реални обуки за наставниците и професорите. Прекин на практиките со полнење на администрацијата и високите државни позиции со лица кои што не завршиле на нормален начин факултет, туку си ја купиле дипломата“, стои во објавата на претседателот на ГДУ, Петар Колев на социјалната мрежа facebook.