АДВОКАТИТЕ ВО „ТИТАНИК“ ПОБАРАА ОДЛАГАЊЕ НА СУДЕЊЕТО ЗАШТО КАТИЦА ЈАНЕВА СИ ПОДНЕЛА ОСТАВКА

//

Адвокатите на обвинетите во најголемиот случај на СЈО „Титаник“, кој го застапува обвинителката Лиле Стефанова, денеска побараа одлагање на рочиштето, поради „новонастанатата ситуација“, како што рекоа и поради најавената оставка на специјалната обвинителка Катица Јанева.

„Новонастанатата ситуација е работа на друго обвинителство, кое треба да ги расчисти работите. Ако одлагаме, може да упаднеме во истрагата. Оставката е констатирана и условена со други дејства што треба да се направат. Нема правни пречки да продолжиме денеска“, им кажа судијата за организиран криминал Шабани.

Во „Титаник“ на СЈО, има 20 обвинети, плус азилантот во Унгарија Никола Груевски.

Од куќен притвор беа спроведени Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Мунир Пепиќ. Дојдоа и обвинетите Мартин Протоѓер, Илија Димовски, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска, Едмонд Темелко и останатите.



Освен за злосторничко здружување, овие 20-тина се обвинети и за тешки изборни нерегуларности.

Извор: СДК

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: РУСКОВСКА ПРАВИ СЀ ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИ ЈАНЕВА И ЗАЕВ

Следна статија

ДЕВОЈКА ПРЕГАЗЕНА ОД АВТОМОБИЛ ВО КОЗЛЕ

Најново од Вести