| |

ДЕВОЈКА ПРЕГАЗЕНА ОД АВТОМОБИЛ ВО КОЗЛЕ

Доцна синоќа, околу 23:00 часот хоспитализирана е 18 годишна девојка во која удрил автомобил.

На 11.08.2019 во 23,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата “Војвода Васил Чакаларов“ и улицата “Козле-6“ патничко моторно возило “Пежо 106“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.З.(61) од Скопје удрило во И.Д.(18) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.Д., која била пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Скопје.

Слични Објави