Градот Кукуш- родното место на Гоце Делчев во книгата на британската историчарка Мерсија Макдермот „Слобода или смрт“
„Македония, чудна страна,
нема да бидит гърчка она!
Шума и гора, и планина,
самий камен на тая страна,
птица и риба в Вардар река,
живо, мъртво на свои крака
ке станат и ке дадат ответ
на цела Европа, на цел свет:
Я Българка сум. Българин сум я,
Българе живеят в тая страна!”
Раjко Жинзифов, голем бугарски преродбеник од Велес
По повод 151-та годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, апостолот на револуционерното движење на Бугарите во Македонија, ќе ви претставиме неколку цитати од биографијата на големиот револуционер напишана од британската публицистка и историчарка Мерсија Макдермот.
Со нејзиниот труд посветен на Гоце Делчев и насловен „Слобода или смрт“ Макдермот во 1978 г. станува доктор на историските науки.
Во првиот цитат можеме да го видиме ставот на британската историчарка за тоа, каков е етничкиот карактер на словенското население во Македонија и што се разбира под терминот „македонски“.
„До пред сто години сите го сметаа словенското население во Македонија за бугарско. Оттогаш, се лансираат низа различни теории, кои меѓусебно се исклучуваат, но чиј заеднички именител е желбата да се убедат Македонските Словени и целиот свет дека тие не се Бугари, туку нешто друго.
Но, бидејќи од изворите недвосмислено е јасно дека во периодот опфатен со оваа книга, Словените во Македонија не само што се сметале себеси за Бугари, туку биле сметани и за Бугари од целиот свет, овде терминот „македонски“ се користи не само во неговата општа географска смисла, но и да го означи оној дел од бугарскиот народ кој традиционално ја населувал Македонија, формирајќи ја таму најголемата етничка заедница и кој ја создал Внатрешната револуционерна организација за ослободување на територијата од османлиската власт“.
Од вториот цитат од книгата „Слобода или смрт“ на Макдермот, разбираме дека уште во 1850 г. во градот Кукуш, родното место на Гоце Делчев имало потреба од изучувањето на бугарскиот јазик. Двајцата преродбеници Димитар Миладинов и Рајко Жинзифов одат кај грчкиот епископ Мелетиј и бараат од него благослов, во Кукуш да се изучува бугарски јазик.
Средба на грчкиот епископ Мелетиј во 1850 година со Димитар Миладинов и Рајко Жинзифов во градот Кукуш (родното место на Гоце Делчев)
„На оваа прва средба Миладинов разговорот го водеше дипломатски, а владиката му даде благослов за изучувањето на бугарскиот јазик во Кукуш: „КОЈ ГИ ЗАКАЧА? ТИЕ НЕКА СЕ УЧАТ И НА БУГАРСКИ И НА ФРАНЦУСКИ, А АКО САКААТ И НА ЃАВОЛСКИ, САМО НЕКА МЕ ОСТАВАТ НА МИРА“.
За кратко време двајцата мажи го преобратиле културниот живот во Кукуш. По завршувањето на часовите, семејните луѓе на возраст од 20-25 години, секојдневно го посетуваа училиштето и учеа црковнословенски и бугарски јазик; дури и постарите учеа да читаат на бугарски во слободното време во нивните мали дуќанчиња. Свештениците го следеа примерот на младите… Така Д.Миладинов дење ги подучуваше децата, а навечер самиот учеше бугарска историја“.
Во третиот и последен цитат, Макдермот пишува за двајца Руси, кои поминале еден месец во Кукуш во крајот на 1858 г. и почетокот на 1859 г. и останале импресионирани од жедта на жителите на градот за образование. Ќе го видите и восхитот на Јужаков, кој ќе напише дека после времето поминато во Кукуш гледа на Бугарите како народ со жесток патриотизам и со стремеж за нешто големо.
Двајца Руси – Егор Јужаков и Александар Рачински, кои поминале еден месец во Кукуш на крајот на 1858 и почетокот на 1859 година – биле силно импресионирани од жедта на жителите за образование и новото училиште изградено во лето. Бугарите го даваат последниот денар за образованието на своите деца – пишува Јужаков во написот со наслов „Еден месец во Бугарија“, во кој ги опишува нивните впечатоци за Кукуш и нивното восхитување и сочувство кон бугарскиот народ. – И покрај нивната тешка орис, тие остануваат верни на себе – во себе чуваат жесток патриотизам и покрај сите напори на нивните непријатели да ги направат Турци или Грци… Јас сега на Бугарите гледам како на народ со богати стремежи за нешто добро, да не кажам за нешто големо.
Овој напис ќе го завршиме со мислата на Гоце Делчев, која денес во ова време на тензии меѓу Бугарија и РС Македонија- двете најблиски земји на Балканот е повеќе од актуелна:
„Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите…“
И сосема за крај, ја објавуваме фотографијата на Гоце Делчев како јункер во Военото на Негово Царско величество училиште во Софија.

Гоце Делчев (десно) како јункер во Военото училиште во Софија

