Прорускиот политичар Јанко Бачев доби покана за обвинет заради неговиот говор на омраза кон Бугарија и Бугарите
Прорускиот политичар Јанко Бачев, преку социјалната мрежа Фејсбук се пожали дека добил покана за обвинет од Основен кривичен суд Скопје за прекршок по Членот 27 Став 2 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.
„Тешко ми е Татковино…тешко многу ми е…да ме прогонуваат во сопствената татковина македонските јаничари кои не издржале во историјата, односно, бугарашите во Македонија здружени во Здружението „Дело“. Ете до кај не доведоа марионетските власти во Македонија во изминатите 30 години. Но, ајде да видиме што ќе каже утре Кривичниот суд во Скопје за наводниот говор на омраза против бугарашите!? Како и да е, останувам на својот став за македонските работи: Ја барам довербата од народот оти за мене нема дилема: Не може за Македонци да одлучуваат немакедонци. Дали е доволно јасно?“, пишува лидерот на проруската партија „Единствена Македонија“ на социјалната мрежа Facebook.
Под статусот Бачев ја објавил и самата покана за обвинет:


