|

МИЛОШОСКИ: ДАЛИ ЗАЕВ ГО СМЕТА ЗА КРИМИНАЛЕН И СУДЕЧКИОТ СОВЕТ ШТО ГО ОСЛОБОДИ ВО „ПОТКУП“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на прес конференција, праша дали премиерот Заев го смета за криминалец судечкиот совет, кој што него го ослободи во случајот „Поткуп“.

„Зошто не ја видовме целата снимка којашто е на легален начин обезбедена со ПИ-мерки, каде што Заев бара поткуп и дали смета дека господинот Џолев кој што направи смена на судиите на сред случај е криминалец како што Заев тврди за мнозинството судии“ рече Милошоски на новинарско прашање да ја искоментира изјавата од обраќањето на Заев, во кое што ги етикетира судиите како криминалци.

Во однос на писмото, кое министерката Дескоска го испрати до судиите, а во кое таа им порачува како треба да судат, да постапуваат во судски предмети, Милошоски вели дека тоа може да случи само во нашата земја.

„Доколку во Сојузна Република Германија или во Австрија или во Холандија било кој министер за правда прати писмо до судиите во кои што им укажувуа кои се правните последици и санкции и дисциплиснки мерки при евентуално непостапување тоа ќе му биде последното писмо во неговата кариера. Во Македонија не се такви околностите, но сепак мислам дека ова писмо ќе биде едно од последните писма на министерката за правда, Дескоска, којашто се обидува на овој начин да го покрие неуспехот во правните реформи во правосудството за којшто министерката Дескоска и Зоран Заев тврдеа дека го отвориле како пупка“ рече Милошоски.

Извор: Макфакс



Слични Објави