|

Касами ја критикува Владата за извештајот на ЕК – потребни се предвремени парламентарни избори

Извештајот на Европската комисија зборува за несериозност на Владата, дури има и послаби резултати од претходната проценка. Ова го изјави претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами, критикувајќи го толкувањето на Владата дека земјата има напредок во шесте сфери на оценување.

„Движење Беса уште еднаш наведува дека станува збор за извештај во кој се зборува за несериозноста на Владата и сугестиите на Европската комисија, немањето волја и доволен политички капацитет на власта да се избори со декаденцијата која ги кочи преговорите за целосна членство во ЕУ. Се разбира, многу јасно кажавме дека за Движење Беса оваа влада е неуспешна и мора што поскоро да имаме предвремени избори за да може да дојде до израз волјата на граѓаните, особено во албанскиот политички табор“, вели Биљал Касами.

Касами додаде дека оваа Влада е неуспешна и дека итно се потребни предвремени парламентарни избори.

На прашањето дали би соработувале со Алијансата за Албанците доколку оваа партија стане дел од Владата или Алтернативата стане дел од опозицијата, лидерот на Движење Беса нагласи дека имаат за цел да соработуваат со секој политички субјект што е во опозиција.

„Секоја партија, политички субјект се додека е во Владата, не можеме да тврдиме дека можеме да имаме каква било опозициска соработка, подготвени сме за соработка со сите опозициски сили кои имаат цел, да има политичка ротација во албанскиот политичкиот табор“, порача Биљал Касами.

Касами рече дека е во постојан контакт со в.д. претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари и дека се надева на опозициска соработка со оваа партија.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави