| |

ТРОЈЦА ПРАТЕНИЦИ ПОДНЕСОА ОСТАВКИ – ЌЕ БИДАТ ДИРЕКТОРИ

Пратениците Мухамед Зеќири и Сања Лукаревска поднеле оставки од функцијата пратеник во Собранието. Оставка поднел и пратеникот на ДУИ, Бајрам Кадрија.

Оставките следуваат бидејќи тројцата ќе бидат директори на институции, дознава ТВ21.

Нивните оставки ќе бидат констатирани на денешната собраниска седница, на која ќе биде констатирана и оставката на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски.

Нанивно место доаѓаат пратеници кои се следни на изборните листи.



Слични Објави