|

КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ОТВОРИ БЕСПЛАТНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на беслатната телефонска линија: 0800-54321 која ќе функција од 7:00 до 19:00 часор во канцеларијата на Народниoт правобранител. Како што соопштуваат од канцеларијата на Народниот правобранител, отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Слични Објави