ЗАЕВ: САКАМЕ ДОБРИ ОДНОСИ СО РУСИЈА, НО ЗА НАС НЕМА ДРУГА АЛТЕРНАТИВА ОСВЕН НАТО И ЕУ
Премиерот Зоран Заев повторно изјави дека нема докази за директно мешање на Русија во процесите околу референдумот што треба да се одржи на 30 септември. Тој истакна дека Македонија сака добри и унапредени односи со Русија, но додаде дека за Македонија нема друга алтернатива освен членството во Европската Унија и НАТО. Заев исто така рече дека го разбира фактот што Русија не е среќна од проширувањето на НАТО. Премиерот Заев повторно му се заблагодари на комесарот Хан за неговата посета и изјави дека Македонија е многу благодарна за поддршката од страна на нејзините европски пријатели.

