Вечерва во салата „Бугарија“ во Софија ќе се одржи концерт посветен на 80-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи
Вечерва со почеток од 19 часот во сала „Бугарија“ во Софија ќе се одржи концерт посветен на 80-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи. Влезот ќе биде бесплатен.
На сцената ќе се соберат четири музички формации: Филхармонија Софија, Хорот Ашира Израел (диригент Ицхак Тавиор), Капела Анима (диригент Станимира Манолова), Хорот Замир од Бајројт (диригент Барбара Баер).
Диригент на вечерта ќе биде Ицхак Тавиор, а солисти Барбара Баер и Џејмс Кларк
Овој концерт е дел од специјалните настани посветени на важната улога што Бугарија ја одигра за време на Втората светска војна, спасувајќи ги бугарските Евреи од Холокаустот и се одржува под покровителство на претседателот на Република Бугарија.