| |

Бугарскиот филм „Мајка“ триумфираше со награда на филмскиот фестивал во Вуковар

Бугарскиот филм „Мајка“ ја доби наградата за игран филм на филмскиот фестивал во Вуковар, Хрватска, објавија организаторите на официјалната Фејсбук страница на фестивалот, пренесува БТА.

„Мајка“ е повеќекратно наградувана продукција која ја пресоздава вистинската приказна за една жена – Елена, која, не успевајќи да забремени, оди во Кенија да адаптира претстави за тамошните сирачиња.

Главните улоги ги толкуваат Дарија Симеонова, Леон Лучев и Дарија Димитрова. Режисер е Зорница Софија.

Слични Објави