| |

Зеленски: Русија концентрира околу 100.000 војници кај Покровск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија концентрира околу 100.000 војници во реонот на источниот украински град Покровск, кој Москва го прогласи за своја територија, јави АФП, пренесува БГНЕС.

„Има собирање и концентрација на непријателот таму. До 100.000 – тоа е информацијата што ја имаме утрово. Тие се подготвуваат за офанзивни дејства во секој случај,“ рече Зеленски пред новинарите.

Тој додаде дека украинските сили успеваат да потиснат поединечни руски единици од североисточниот граничен регион Суми.

Слични Објави