| |

Елизавета Марчева е победничка на Сеукраинската олимпијада по бугарски јазик

Елизавета Марчева го освои првото место на Сеукраинската олимпијада по бугарски јазик и литература. Девојчето годинава матурираше во Болградската гимназија „Г.С. Раковски“ со златен медал. Таа доби диплома за успешното учество на свеченото отворање на новата учебна година во гимназијата, јави БТА. Овој успех е уште една причина за гордост на Болградската гимназија која продолжува да едуцира ученици кои успешно се реализираат насекаде низ светот.

Престижната награда ѝ обезбедува на Елизавета Марчева право на прием без испит на универзитет по нејзин избор во Бугарија. Сепак, девојката решила да студира „Дентална медицина“, која не спаѓа во опсегот на привилегираниот прием. По успешно полагање на приемните испити, девојчето сега е студент во прва година на Медицинскиот универзитет „Проф.д-р Параскев Стојанов“ во Варна.



Слични Објави