ДВОЈНИТЕ АРШИНИ НА ЗОРАН ЗАЕВ

Лимерието доаѓа до израз со проектите „Живот за сите“ и „Зборот важи“. Ах, да не го заборавивме најважното „Вистината за Македонија“. Па каде е премиере вистината, каде ли е животот и каде ли е дадениот збор? Останаа некаде во 2016… Кога сме веќе кај 2016 да се потсетиме на неколку „вистини“:

Најавувани хајки, шамарање, насилство, криминал и редица други бомбастични приватни разговори. Но тука би издвоил само неколку, за да ги поврземе со денешниве случувања и сегашниве бомбастични приватни разговори. Ќе започнеме со најактуелниот или најновиот, а тоа е Курто Дудуш (Мајк Тајсон), кој по разговорот наликува на некој ганстер од амерички кварт, а тоа ме потсетува на Жерновски кој требаше да „попие“ неколку шамари и ако добро се сеќавам тоа беше доста скандалозно, но во споредба со тогашната реакција на СДСМ сега доаѓаме до конфузија. Зошто до конфузија? Сега Заев и СДСМ кротко и воздржано реагираат и по малку го осудуваат, а за шамарите на Жерновски востанија се креваа.

Следен во низата е новиот министер, кој и те како е активен во бомбите, но не е само една личност, голем дел од личностите кои дојдоа со најавената рекострукција т.е метлата, останаа, и најголемиот дел се и те како дискутабилни…Сите добро знаеме како Заев бараше оставки од екс министрите на ДПМНЕ и како го доживуваше тој момент, а сега не само што се прави на „Тошо“,туку и самиот ги назначува. Ова набројување може да оди до 101 и назад, но да бидеме пократки и да стигнеме до врвот, а тоа е ДУИ и Али Ахмети. Многу добро се сеќаваме на Заев од 2015, борецот за правда и слобода… Во неколку прилики го окарактеризира ДУИ како дел од криминалната власт и најавуваше дека ќе извади сѐ на површина за нив и нивните злодела, но не нѐ удостои со тој гест. Благодарение на Ел Чека, го дочекавме и тој дел од приказната, но и тука се гледа двојното толкување и дејствување на Заев. Во минатото бараше одговорност од „криминалци“(во неговите изјави тогаш беа криминалци, додека не седна на премиерската фотелја), а пак денес како од круша да паднал и тоа директно на глава. На два стола не се седи, кога тогаш ќе паднеш и нема ни еден да остане.

Всушност викам доста е, но не можам а да не ги спомнам тие што го покажуваат во целост образот на Заев, а тоа се Крсто Муковски и седумте побратими и побратимки кои впрочем беа осуденици и потенцијални затвореници, а на крај испаднаа херои чинам и оштета (премија) ќе земат. Човеков едноставно аболицира и се помирува со кој што ќе посака, така барем делува, но вистината е дека тоа е само за својата лична корист и на партијата и поради ова на се е спремен. ВЛАСТ, ВЛАСТ И САМО ВЛАСТ е тоа е важното!

А борбата беше со кампување, фарбање, шарени револуции и протести од секој можен калибар… Падна Грујо што сакате повеќе?!- така ќе испадне работава на крај! И за крај премиерот повикува на одговорност и расчистување на случаите, но делата кажуваат и докажуваат сосема спротивна активност. Почнувајќи од „метлата“ со која требаше да се отстранат непродуктивните и несовесните министри и функционери на СДСМ и ДУИ, тие беа само преназначени, а некои и унапредени. Тука би ги спомнал и не така одамна главните мети на Заев за да биде правдата задоволена; Никола Груевски (на жалост премногу агилен и недостижен), Мијалков (комплициран),Камчев(потребен),Крсто и побратимите и побратимките(корисни), и многу други. Во таа насока се движат и останатите новооткриени контроверзни бомби, на кои премиерот повторно во афект „бара одговорност“.

Очекувајќи ја најавената одговорност и соодветни чекори, од делата на премиерот гледаме само соработка со злосторниците и криминалците.

П.С. Вистината на Зоран Заев се претвори во фатаморгана, додека животот дојде за партиските профитери и војници, а што се однесува до важноста на зборот тој бил за коалициониот партнер Али Ахмети.

Автор: Даниел Јорданоски, претседател на ГДУ-Охрид