| |

Пред 31 година Бугарија прва ја призна независноста на Македонија

Пред 31 година, на 15 јануари 1992, во 20 часот, Бугарија прва ја призна Македонија како независна држава. Ова се случи откако на 8 септември 1991 година граѓаните на тогашната југословенска Република Македонија беа повикани да одлучуваат за прашањето „Дали поддржувате независна и суверена Македонија со право да се приклучи на иден сојуз на југословенски држави“. На референдумот гласаа вкупно 71,85 отсто од запишаните избирачи, од кои мнозинството – над 90 отсто се изјаснија за создавање независна држава. На 18 септември 1991 година, Собранието на Република Македонија донесе официјална декларација со која ги признава резултатите од референдумот и ја прогласува независноста на државата.

Бугарија беше првата земја во светот што ја призна македонската независност. Тоа беше направено со декларација на Националното собрание на 15 јануари 1992 година. За овој незаборавен ден за Faktor.bg раскажува Константин Мишев, тогашен советник на премиерот Филип Димитров:

„Тоа беше прашање на должност и на меморијата на нашиот род. Филип Димитров често ги цитира зборовите на тогашниот амбасадор на Обединетото Кралство во Бугарија: „Ако ја признаете Македонија – нема да ве поддржиме, ако не ја признаете – нема да ве разбереме”.

Против тоа беа неколку луѓе во тогашниот министерски совет. Министерот за надворешни работи Стојан Ганев не беше во земјава, но беше крајно негативен кон признавањето на Македонија. И, исто така, таканаречените Големи сили. Или барем нивните дипломати во Софија. Ама такви се дипломатите…се плашат од бурни настани. И тие сè уште немаа јасни инструкции од нивните престолнини. Во основа, тројца од нас одлучивме. А кога Филип го стави ова прашање на дискусија, категорично за признавањето беа и двајца од министрите – Никола Василев за здравство и Иван Костов за финансии, а исто така и почесниот шеф на кабинетот на Министерскиот совет, Константин Муховски. Ако добро се сеќавам и министерот Лучников не поддржа. Соколов се двоумеше. Но во историјата со право треба да се додели ова признавање како огромно достигнување на Филип Димитров“.

Набргу потоа, со посредство на претседателот Жељу Желев, независноста на Македонија ја призна и Русија.

Имаше неколку видови размислувања, рече тогаш Желев. Конјуктурните да не мислат дека исчекуваме и имаме претензии кон Македонија. Ниту пак да некои да помислат дека сме зависни од одлуката на Западот. Впрочем, Бугарија го направи овој чекор спротивно на одлуката на Европската Унија, која не можеше да донесе таква одлука поради противењето на Грција. Турција стана втората земја што ја призна Македонија. Тоа се случи по инсистирање на Бугарија, потсетува весникот „Марица“.

„На средбата со тогашниот турски премиер Сулејман Демирел истакнав дека Турција треба да ја признае Македонија, која е од големо значење за стабилизацијата на Балканот. Во спротивно, лесно може да стане жртва на внатрешни немири или окупација. Демирел гледаше во аголот од собата и рече: „За само една недела ќе ја признаеме Македонија“. Така и се случи“, изјави подоцна Желев.

Русија беше третата земја што ја призна Македонија околу 6 месеци подоцна, повторно на инсистирање на Бугарија.



Слични Објави