„Трибуна“ наполни 5 години

//

Пишува: Атанас Величков, главен и одговорен уредник порталот „Трибуна“

Кога минатата година го одбележавме првиот „мандат“ на порталот „Трибуна“ (неговите први 4 години од постоењето), порачавме дека ќе ја продолжиме борбата за вистината и можеме со чиста совест да истакнеме дека веќе 5-та година не сме престанале да го правиме тоа.

„Трибуна“ наполни 5 години! И покрај сите препреки, ние продолжуваме напред, но без Вас нашите пријатели, нашата мисија е невозможна. „Трибуна“ живее само заради Вас. Вие сте нашата опора за да опстоиме слободни и да работиме напорно со цел во РС Македонија да има еден медиум, во кој зборот на македонските Бугари, на оние од минатото и нашиот од сегашноста може да се види, прочита и чуе, без истиот да биде привилегија за тесен круг одбрани и подобни луѓе.

„Трибуна“ е отворена за сите, за кои Бугарија и Бугарите се пријатели! „Трибуна“ не е медиум за ширење на квазипатриотизам и омраза. „Трибуна“ е местото во кое, секој еден човек со добра мисла и европско однесување е добредојден.

Ние сме ЗА нормализација и европеизација на РС Македонија и пред се за промена на односот кон Бугарите во земјата, кои повеќе од 100 години со мали прекини од по неколку години, биле објект на прогон и физичка ликвидација. Македонските Бугари и до денешен ден се стигматизирани, единствено затоа што не ја прифаќаат идеологијата на криминалниот геополитички проект наречен македонизам, создаден во Белград, наметнат од Москва по 1934 г и со крваво насилство реализиран во Македонија по 1944 г.

Ние не сме против зајавената етничка самоопределба на мнозинството од современите граѓани на РС Македонија. Напротив! Тие имаат право да се нарекуваат Македонци во етничката смисла на зборот, но и македонските Бугари го имаат тоа право да се нарекуваат Македонци, родени и образовани во географската област Македонија. Тоа се современите реалности, кои нашиот тим ги почитува и токму поради тоа, не треба да се заборава дека, оние Македонци, кои го сочувале своето бугарско етничко потекло, не треба и нема да бидат понижувани во времињата кои доаѓаат. Времето на комунистичкото авторитарно едноумие поминува и покрај сите обиди да биде препородено, барем што се однесува за правата и идентитетот на Бугарите овде.

Ова разјаснување е потребно, за да се постават сите карти на масата и да се одземат сите адути на некои „душегрижници“, кои на секаков начин се обидуваат да ја дискредитираат бугарската национална и историска идеја во Македонија и на истата да ѝ залепат одредени етикети и да ја омаловажат.

Овие редови се благодарност до сите оние без кои „Трибуна“ немаше да е тоа што е денеска 5 години по првиот напис објавен на порталот.

Им благодариме на нашите пријатели од Бугарија за нивната поддршка и за нивната доверба во нашата работа. Им благодариме и на нашите пријатели во РС Македонија, кои нѐ прифаќаат како портал- гласило на македонските Бугари, ценејќи го нашиот сопствен и етнички идентитет.

Им благодариме на нашите пријатели од Фондацијата „Бугарска памет“ и на д-р Милен Врабевски, за нивната несебична поддршка. Му благодариме и на нашиот пријател Румен Начев од Ќустендил, кој ни помогна во еден многу тежок за нас период. Им благодариме на сите наши пријатели во Бугарија, кои веруваа во нашиот проект, помогнаа за неговата промоција и го факторизираат порталот, како место во кое вистината секогаш ќе најде погодно тло.

„Трибуна“ немаше да биде сериозен медиум без помошта на нашите колеги од Бугарија, најголемата приватна информативна агенција БГНЕС на Љубчо Нешков, порталот Фактор.бг на Стојко Стојанов, Бугарската телеграфна агенција, Бугарската национална телевизија, Бугарското национално радио и останатите бугарски медиуми.

Секој ден што го посветуваме на растењето на „Трибуна“ е нашиот начин да ја изразиме неизмерната благодарност кон сите Вас.

За крај не ни останува ништо друго освен да порачаме: Да живее Бугарија, да живее демократска и европска РС Македонија. Истовремено ја истакнуваме нашата подршка на храбриот украински народ во неговата праведна борба за слобода и неговиот херојски отпор на руската агресија. Затоа, „Слава Україні героям слава“. Героите никогаш не умираат затоа што…

Тоз който падне в бой за свобода, той не умира!

Да ни е честита 5-тa годишнина на порталот „Трибуна“!



Претходна статија

Пред 31 година Бугарија прва ја призна независноста на Македонија

Следна статија

Петков и Василев ја сервираа бугарската енергетска безбедност на Грција

Најново од Истакнато