|

Скопје утрово е 11-ти најзагаден град во светот

Скопјани сè уште имаат мака со загадениот воздух, а тоа го покажува и денешната статистика на „IQAir“ која беше ажурирана во 08.00 часот, а главниот град на Македонија се наоѓа на 11-то место.

Ситуацијата е загрижувачка во Скопје затоа што индексот на аерозагадување е 154 и повторно најзастапени се опасните честички PM2,5, а засега нема решение на проблемот кој ги мачи скопјани веќе некое време.

Пред Скопје на листата со најзагадени градови се наоѓаат Делхи од Индија, Акра од Гана и уште неколку градови од Ирак, Индија, Пакистан и Монголија.

Слични Објави